Дома Фудбал Германија Проблеми во Баерн: После Чупо Мотинг уште еден „антиваксер“ позитивен на ковид-19!

Проблеми во Баерн: После Чупо Мотинг уште еден „антиваксер“ позитивен на ковид-19!

Коронавирусот почнува да прави сериозни проблеми во Баерн помеѓу невакцинираните фудбалери.

После Чупо-Мотинг и Џошуа Кимих е позитивен на вирусот. Кимих и Чупо-Мотинг се двајцата од тројца невакцинирани фудбалери во Баерн.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Претходно Баерн имаше мерки за невакцинираните фудбалери и им беше забрането да се возат со клупскиот автобус, а се најавуваше и дека ќе им се скратат платите ако треба да поминат карантин. Сега и Кимих и Чупо-Мотинг ќе мораат во изолација.

Кимих јавно зборуваше дека е против вакцинијата и порача дека не сака да прими нешто во неговото тело кое не е доволно испитано. Останува сега да видиме како ќе се одвива ситуацијата и дали ќе се појави уште некој случај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Мурињо објаснува зошто му е побелена косата – еден човек е главен виновник

Жозе Мурињо духовито го откри причинителот за неговата бела коса, раскажувајќи посебна при…