Дома Фудбал Пријателски натпревари: Милан го сруши Реал, Ливерпул го доби дербито со Арсенал

Пријателски натпревари: Милан го сруши Реал, Ливерпул го доби дербито со Арсенал

Богата програма во текот на ноќта низ Америка.

Милан го победија Реал Мадрид со 1:0. Единствениот гол го постигна Самуел Чуквезе, кој во вториот дел го совлада Куртоа.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Јунајтед го победи Бетис со 3:2, но лошите вести продолжуваат. Засилувањето Лени Жоро ќе отсуствува три месеци, Хојлунд шест недели, а против Шпанците, повреди заработија и Рашфорд и Ентони. По овој триумф Јунајтед го чека уште еден натпревар во Америка, против Ливерпул викендов.

„Црвените“ славеа против Арсенал во Вашингтон. Ливерпул стигна до предност со головите на Салах и Фабио Карваљо, а до полувремето Каи Хаверц намали за конечните 2:1.

Елиф Елмас и Лајпциг имаа одличен старт на подготовките за новата сезона и со победа од 2-0 над Астон вила ја започнаа американската турнеја.

Македонскиот репрезентативец беше стартер за Лајпциг и одигра 73 минути пред да биде заменет.

Ливерпул – Арсенал 2:1
Ман. Јунајтед – Бетис 3:2
Реал – Милан 0:1
Лајпциг – Астон Вила 2:0
Челзи – Клуб Америка 3:0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА размислува за промена на ВАР правилата за Мундијалот

Луѓето кои ја водат ФИФА сакаат да ги намалат грешките во судењето на претстојниот Мундија…