Дома Фудбал Прифатена жалбата на Хернандез: Доби условна казна и ќе плати 400 евра

Прифатена жалбата на Хернандез: Доби условна казна и ќе плати 400 евра

Лукас Хернандез во последните недели се најде во центарот на вниманието затоа што му се закануваше затворска казна.

Лукас и неговата сопруга имаа жестока расправија на улица во февруари 2017 година, а судот поради тоа го осуди на 31 ден друштвно корисна работа и забрана за доближување на шест месеци.

Меѓутоа парот не ни помислувал да биде раздвоен. Неодамна се венчаа и беа на меден месец во Мајами. По враќањето од медениот месец Лукас беше приведен на аеродромот во Мадрид и кратко беше во притвор, додека Амелија не е уапсена.

Судот во Шпанија донесе одлука дека Хернандез ќе мора да оди во затвор, меѓутоа прифатена беше жалбата на фудбалерот. Нова одлука е: Хернандез во наредните четири години нема да смее да направи ново кривично дело и ќе мора да плати казна од 400 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ботхајм со два гола, Викинг со пресврт до убедливи 4-1 против Сабах

Сабах прв поведе, но Викинг одговори со четири гола и ја запиша првата победа во лигашката…