Дома Останати Тенис Пристигна ново разочарување за фановите на Ѓоковиќ

Пристигна ново разочарување за фановите на Ѓоковиќ

Тенисерот број еден во светот Новак Ѓоковиќ денеска го оперираше коленото и за опоравување ќе му бидат потребни околу три недели.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ѓоковиќ реши да го оперира менискусот на десното колено, кој го повреди во осминафиналето на Ролан Гарос против Аргентинецот Франциско Черундоло.

Доколку нема компликации, српскиот тенисер за неколку часа би можел да стане од кревет со помош на патерици.

Поради повредата, Ѓоковиќ беше принуден да се повлече од четвртфиналниот меч на Ролан Гарос против Норвежанецот Каспер Руд и ќе му требаат цели три недели закрепнување, што најверојатно ќе го спречи да игра на Вимблдон кој е на програмата од 1 до 14 јули.

Засега не е познато и дали ќе биде спремен за настап на Олимписките игри во Париз, би требало да нема проблем, но тоа ќе зависи од текот на опоравувањето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ објави каде ќе игра следниот турнир (Видео)

Ѓоковиќ потврди дека ќе настапи на претстојниот Мастерс во Синсинати. Како ПАМЕТНО да типу…