Дома Македонски спорт Мак ракомет Приведен навивач во вчерашното дерби помеѓу Вардар и Еурофарм Пелистер

Приведен навивач во вчерашното дерби помеѓу Вардар и Еурофарм Пелистер

Во Скопје вчера се играше ракометното дерби помеѓу Вардар и Еурофарм Пелистер кое заврши со победа од четири разлика (24:20) на двократниот европски шампион.

Од МВР во својот полициски билтен денеска информираа дека едно лице било приведено некаде пред крајот на средбата. Лицето било приведено поради прекршивање на законот за спречување на насилство и недостојно однесување.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„На 09.04.2024 во 19.30 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, каде се одигрувал ракометен натпревар помеѓу РК „Вардар“ и РК „Еурофарм Пелистер“,од полициски службеници од СВР Скопје бил приведен С.А.(22) од Скопје поради сторен прекршок од Закон за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, соопшти МВР.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

„Бомба“: Бензема може да потпише за Фенербахче

Карим Бензема после една година помината во Саудиска Арабија би можел да се врати во Европ…