Дома Фудбал Претседателот на Примера повторно ги нападна УЕФА и Интер

Претседателот на Примера повторно ги нападна УЕФА и Интер

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас испрати нов напад на адреса на УЕФА и миланскиот гигант Интер.

Првиот човек на шпанскиот фудбал смета дека Финансискиот фер-плеј не фукнционира на најдобар начин, а како пример го наведе ПСЖ и Интер.

„Санкции за ПСЖ? Песимист сум. Јасно гледам дека од УЕФА не го спроведуваат финансискиот фер-плеј како што треба. Треба да го фатиш бикот за роговите, во спротивно ништо нема да се промени“, смета Тебас, кој потоа го даде за пример Интер и „случајот Модриќ“.

„Денес не зборуваме само за ПСЖ и Манчестер Сити, но и за други клубови како Интер, како што видовме во случајот со Модриќ. Сега повеќе не е доволно да имаш цела држава позади себе, туку да располагаш со огромен капитал. Тоа само и наштетува на Ла Лига“, заклучи Тебас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пред две години во втората лига на Андора, сега во нападот на Мексико!

Армандо Леон преку проба стигна до договор со Осиек, а со пет гола и две асистенции го при…