Дома Фудбал Италија Претседателот на Милан: Сигурно ќе имаме нов стадион

Претседателот на Милан: Сигурно ќе имаме нов стадион


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Претседателот на Милан, Паоло Скарони откри дека клубот нема уште долго да ја чека одлуката за изградба на нов стадион на „Сан Сиро“ заедно со Интер.

Скарони откри дека Милан работи паралелно на уште два проекти и наскоро сигурно ќе има нов стадион.

„Работиме паралелно на три проекти за нов стадион. Еден од нив е во зоната Сан Џовани, а другиот ќе го чувам како тајна. Ако не ни дозволат на Сан Сиро, тогаш Милан е спремен да направи сам свој стадион. Це уверувам дека Милан наскоро ќе има нов стадион“, изјави Скарони.

„Ние годишно добиваме само 40 милиони од стадионот и како да се тркаме со другите клубови со толку мали приходи од стадион? Нашиот бренд постојано расте, ние сме еден од најпопуларните клубови во светот. Мора што поскоро да имаме нов стадион“, додаде претседателот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал го губи здивот, шокантен пораз од Мајорка🎥

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Реал Мадрид доживеа …