Дома Фудбал Претседателот на Лион потврди: Реал не го сакаше Маријано до пред три недели!

Претседателот на Лион потврди: Реал не го сакаше Маријано до пред три недели!

Реал Мадрид вчера на големо изненадување реши да ја активира клаузулата и да го врати во своите редови напаѓачот на Лион, Маријано Дијаз.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Маријано Дијаз беше на чекор од трансфер во Севиља, но „кралевите“ во последен момент, поради немање на алтернатива, решија да ја искористат можноста да го вратат напаѓачот во Мадрид.

Претседателот на Лион, Жан Мишел Ола сега откри дека до само пред три недели Реал не го сакал Маријано и ја откри сумата која ќе ја платат „кралевите“.

„Во ниту еден момент не сакаме да задржиме играч кој не сака да игра за нас. Кога дојде понудата од Севиља, мислевме дека се ќе заврши позитивно. Претходно, Маријано ми кажа дека сака да оди во Реал, но јас тогаш му се јавив на Перез и тој ми кажа дека не е заинтересиран за играчот. На крајот, понудата пристигна и Реал Мадрид ќе ни плати 33 милиони евра“, открива претседателот на Лион.

„Обврзани сме да го известиме Реал кога ќе прифатиме понуда, бидејќи тие имаат опција да ја изедначат понудата. Не очекував дека ќе го сторат тоа, но ни кажаа дека се заинтересирани за играчот откако се договоривме со Севиља“, додаде Ола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанија аплицираше за титулата со победа над Австрија

Репрезентациите на Шпанија и Австрија завршија со резултат 3:0 во Инглвуд, Калифорнија, во…