Дефанзивецот на Интер, Диего Годин кариерата би можел да ја продолжи во Франција.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Уругваецот пристигна во Интер како големо засилување, но тој епитет не го оправда и најверојатно ќе ја напушти Меаца.
Со Годин се поврзуваат неколку клубови, од Тотенхем до Евертон, но 34-годишниот дефанзивец на крајот може да заврши во Франција, поточно во Лион.
Дека не се во прашање само шпекулации потврди и претседателот на овој клуб Жан Мишел Ола.
„Годин е на листата желби, но не е единствен.“ – порача Ола.
Доколку сака кариерата да ја продолжи во Лион, Годин ќе мора да ги намали финансиските побарувања бидејќи францускиот клуб тешко дека ќе се согласи за плата од пет милиони евра, која ја заработува во Интер.