Дома Фудбал Претседателот на Ла Лига објави три датуми кога сезоната може да продолжи

Претседателот на Ла Лига објави три датуми кога сезоната може да продолжи

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас денес повторно се огласи и откри кога сезоната во Шпанија би можела да продолжи.

Ла Лига е прекината поради пандемијата со коронавирусот. Веќе некое време се шпекулира за тоа кога би можела да продолжи, но се уште официјална ифнроамција.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сега претседателот на лигата, Хавиер Тебас изјави дека во најдобар случај фудбал во Шпанија повторно може да се игра на 28. мај. Освен што ги откри датумите тој порача и дека нема да се брза бидејќи здравјето е најважно.

„Имаме неколку сценарија, но се зависи од тоа како ситуацијата ќе се одвива. Имаме три датуми кога Ла Лига би можела да продолжи, а тоа се 28. мај, 6. јуни и 28. Јуни Не можеме да го кажеме точниот датум затоа што ништо не е официјално. Јасно е дека клубовите мораат да започнат со припреми, ни се надеваме дека на 26. април тоа ќе биде можно“, изјави Тебас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голем пресврт и добра вест за навивачите: Клубот со историја долга 133 години нема да згасне!

Еден од најстарите фудбалски клубови во Холандија, Витесе, успеа да извојува голема победа…