Дома Фудбал Германија Пресврт: Тухел останува во Баерн и става потпис на нов договор

Пресврт: Тухел останува во Баерн и става потпис на нов договор

Раоводството на Баерн Минхен пред два месеци донесе одлука да се раздели со Томас Тухел на крајот на сезоната, но имаше големи потешкотии да најде нов тренер.

Откако Баварците добија „корпа“ од Чаби Алонсо, Ралф Рангник и Јулијан Нагелсман, се чини дека сега најголеми шанси има актуелниот тренер, Томас Тухел.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Во клубот почнаа да размислуваат за продолжување на соработката со Тухел и покрај тоа што претходно му соопштија дека во јуни ќе се разделат.

Германските медиуми денеска објавија дека под притисок на голем број на фудбалери меѓу кои и Милер, Кејн и Нојер, спортските директори на клубот Макс Еберл и Кристоф Фројнд го смениле ставот и денес имале средба со агентот на Тухел.

Последните информации се дека двете  страни постигнале договор за продолжување на соработката и  Тухел  сигурно останува  во Баерн  Минхен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Играше за Реал, Челси и ПСЖ, сега ќе избира убавици на Мис Универзум

Поранешната фудбалска ѕвезда Клод Макелеле (52) ја замени фудбалската сцена со гламурознат…