Дома Топ вести Пресврт во случајот Дембеле, може да остане во Барселона

Пресврт во случајот Дембеле, може да остане во Барселона

Драмата околу иднината на Осман Дембеле станува се поголема, откако вечерва каталонски „Спорт“ соопшти дека има шанси Французинот сепак да остане во Барселона.

Од вчера агентите Муса Сисоко и Марко Лихштајнер се на Камп Ноу каде преговараат со раководството на Барселона и со тренерот Чави.

Како што е познато Дембеле и Барселона не успеаа да се договорат за продолжување на соработката, поради што клубот официјално го стави играчот на трансфер листа и го исфрли од тимот.

Сега се случи пресврт и медиумите информираат дека агентите го информирале клубот дека преферира да остане во Барселона и дека е спремен да потпише нов договор.

Истото ова му го потврдил и самиот Дембеле на тренерот Чави уште пред неколку дена, па поради тоа раководството ги обнови преговорите со агентите.

Агентот Муса Сисоко беше во Лондон и имаше преговори со Челзи, но самиот Дембеле преферира да остаене во Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Во Париз потфрлила и полицијата: Полицаец прска со солзавец навивачи кои имаат билети 🎥

Потфрлија Французите во организацијата на финалето во Лигата на шампионите и тоа е јасно. …