Дома Фудбал Англија Премиер лигата има супер старт: Кога се играат дерби натпреварите?

Премиер лигата има супер старт: Кога се играат дерби натпреварите?

0

Минатата сезона бевме сведоци на голема борба за титулата во Премиер лигата помеѓу Манчестер Сити и Ливрпул, а на крајот славеше екипата на Пеп Гвардиола која со 98 бодови успеа да ја одбрани титулата.

Ливерпул така и покрај 97 освоени бодови на своето конто не успеа да стигне до трофејот од Премиер лигата, а такво нешто претходно не се случило.

Новата сезона на 9-ти август ќе ја отвори европскиот шампион Ливерпул и новиот премиелигаш, Норвич. Во фокусот во првото коло од сезоната ќе биде натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Челзи.

„Граѓаните“ одбраната на уште една титула, трета во низа ќе ја започнат на гостувањето кај Вест хем.

Второто коло ни носи реприза на епското четвртифинале од оваа сезона во Лигата на шампионите помеѓу Сити и Тотенхем, додека во третото ќе гледаме судир помеѓу Ливерпул и Арсенал.

Во четврототo коло ќе го имаме дербито на северен Лондон, додека првиот натпревар помеѓу клубовите кои цела сезона се бореа за титулата, Сити и Ливерпул ќе го имаме во 12-тотото коло и тоа на „Енфилд“.

Популарниот Боксинг деј кој традиционално се игра ден после Божиќ нема да ни донесе ниту едно големо дерби, а можеме да го издвоиме натпреварот Лестер – Ливерпул, додека во првиот ден од 2020 година ќе уживаме во натпреварот помеѓу Арсенал и Манчестер Јунајтед.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Уругвај – Еквадор: Суарез и дружината ја започнуваат борбата за престижниот трофеј

Во Минеирао доцна во ноќта помеѓу недела и понеделник играат Уругвај – Еквадор. Копа Амери…