Дома Фудбал Англија Премиер лигата воведува ново правило кое после ВАР би било најголемата промена

Премиер лигата воведува ново правило кое после ВАР би било најголемата промена

Раководството на Премиер лигата од следната сезона сака да воведе ново пробно правило поврзано со измените на играчите.

Премиер лигата сака по примерот на американската НФЛ да воведе посебен протокол за играчите кои во текот на играта добиле потрес на мозокот, што се категоризира како опасна состојба. Англичаните својата идеја ја претставиле на телото на ФИФА, ИФАБ кое е задолжено за промена на правилата. Следната сезона би можеле да се применува едно од двете решенија за кои ќе се одлучува на 3. април.

Првиот предлог е за играчот за кој докторите се сигурни дека има потрес на мозкот да не се троши замена, односно да биде заменет без да се намали бројот на дозволени измени (три). Втората идеја е за играчот за кој се смета дека има потрес на мозокот да му се овозможи да го менува друг фудбалер 10 до 15 минути, а потоа да може да се врати на теренот.

ИФАБ 29. февруари ќе разговара за овие предлози, а клубовите за истите ќе можат да гласаат во јуни на крајот од сезоната.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гризман ја спаси Барселона од срам против третолигашот Ибица

Барселона денес едвај ја го победи тимот на Ибица во купот на Шпанија. Ибица шокантно стиг…