Дома Фудбал Англија Премиерлигашите ќе можат да играат натпревари ама без судии?!

Премиерлигашите ќе можат да играат натпревари ама без судии?!

Премиер лигата денес дополнително ги олабави мерките и им дозволи на клубовите да играат пријателски натпревари.

Фудбалското првенство во Англија ќе започне на 17 јуни и клубовите се во фаза на подготовки, а сега ќе можат да играат и пријателски натпревари, но истите ќе бидат под строги мерки.

Натпреварите ќе може да се играат на стадион или тренинг центар. На клубовите ќе им биде забрането да патуваат повеќе од 90 минути, а играчите на местото на одигрувањето мораат да дојдат сами со сопствен превоз и облечени во фудбалска опрема.

Мерката која привлекува најголемо внимание е што на овие натпревари за да се намали бројот на присутни нема да биде дозволено да има судии, таа задача ќе треба да ја врши некој од тренерите. Исто така секој играч кој ќе учествува претходно мора да има негативен тест на коронавирус.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Неверојатни бројки: Рамос е подобар од Фиго, Чави, Роналдињо и Зидан!

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос е жива легенда, иако е стопер, сепак се однесува ка…