Дома Кошарка Пред шест месеци играше за МЗТ, а изминатата ноќ дебитираше во НБА

Пред шест месеци играше за МЗТ, а изминатата ноќ дебитираше во НБА

Хасани Гравет влезе во историјата на макбаскетот како првиот кошаркар кој директно од домашното првенство направил трансфер во НБА и дебитирал на официјален натпревар во најсилната кошаркарска лига.

Гравет потпиша десет дневен договор со Орландо, а изминатата ноќ го одигра првиот натпревар и тоа во поразот на неговиот тим од Мајами со 105:115. Гравет на паркетот помина 24 минути и постигна шест поени, забележа уште ва скока и три асистенции.

Инаку, тој летово беше дел од тимот на Орландо во претсезоната, но за регуларниот дел не доби место, меѓутоа ситуацијата се промени откако Орландо се најде во проблеми поради големиот број отсутни кошаркари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Две слободни за историја: МЗТ одбележува три децении од победата над Реал

На 6 ноември 1996 година МЗТ го совлада Реал Мадрид со 69-68. Триесет години подоцна, реша…