Бразилецот Реиние Хесус Карваљо стигна во Реал Мадрид од бразилски Фламенго во 2020 година за 30 милиони евра, а при претставувањето се расплака од среќа.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Од него се очекуваше да стане еден од најдобрите фудбалери во светот, меѓутоа нешто тргна во погрешен правец и Реиние никогаш не дебитираше за „кралевите“.
Бразилецот беше на двегодишна позајмица во Борусија Дортмунд, па во Жирона, а од минатото лето е во Фросиноне, но засега нема голема минутажа и постигна два гола и две асистенции на осум настапи.
Овој фудбалер вредеше 30 милиони евра кога потпиша за „кралевите“, а сега неговата вредност се проценува на само четири милиони.