Дома Македонски спорт Пред три години светската фудбалска елита се собра во Скопје ?

Пред три години светската фудбалска елита се собра во Скопје ?

Пред три години на денешен ден Скопје беше епицентарот на светскиот фудбал.

Во Скопје на 8. Август 2017 година во рамките од Суперкупот на Европа гостуваа Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед и тоа беше фудбалски спектакл кој секогаш ќе се памети, сигурно најголем спортски настан кој се организирал во земјава.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал Мадрид место во натпреварот обезбеди како освојувач на Лигата на шампоните, додека Манчестер Јунајтед таа година ја освои Лигата на Европа. Скопје тие денови беше преполно со најголемите фудбалски ѕвезди. Покрај актерите на теренот тука беа и голем број светски легенди како: Роберто Карлос, Луис Фиго, Хавиер Занети, Сер Алекс Фергусон…Додека на теренот ги видовме: Кристиано Роналдо, Пол Погба, Серхио Рамос…Мурињо во тоа време го водеше Јунајтед, а Зидан како и денес ги предводеше „кралевите“.

Скопје и Македонија имаа среќа тоа беше веројатно најсилниот Суперкупот во последните години.

На крајот трофејот го освои Реал Мадрид победувајќи го Манчестер Јунајтед со 2:1.

Дамка на целиот настан може да биде алчноста на хотелиерите и приватните изнајмувачи кои цените за престој во тие денови ги кренаа до плафон со цел да профитираат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…