Дома Фудбал Пред три години разнесуваше бела техника, синоќа го сруши Атлетико

Пред три години разнесуваше бела техника, синоќа го сруши Атлетико

Милан синоќа го победи Атлетико на „Ванда Метрополитано“, а херој на „росонерите“ беше Жуниор Месијас.

Денес Бразилецот е главна тема во цела Европа, поради неговата неверојатна, но инспиративна приказна.

Имено, Месиас до пред три години беше дел од италијанската четврта лига. Тој разнесуваше бела техника како примарна работа и се натпреваруваше во аматерска фудбалска лига.

Играше во аматерски клубови, а на 28 години стигна до Кротоне во Серија  Б. Минатата сезона со Кротоне одигра одлична сезона во Серија А со 10 гола и 10 асистенции, па заработи трансфер во Милан.

Синоќа дебитираше во најелитното европско натпреварување и со неговиот гол Милан го победи Атлетико Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Невремето го одложи дуелот Тенерифе – Андора: одреден нов термин

Најавените обилни врнежи ги затворија спортските објекти на Тенерифе. Натпреварот со Андор…