Дома Топ вести Преговорите започнаа: Ибра се враќа во својот поранешен клуб

Преговорите започнаа: Ибра се враќа во својот поранешен клуб

Италијанските медиуми пред неколку дена лансираа вистинска трансфер „бомба“ и тврдат дека Антонио Конте сака да го врати Ибрахимовиќ во Интер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Италијанските медиуми пишуваат дека Конте разгледува опции за ангажирање напаѓач во јануари, а Златан Ибрахимовиќ е на врвот на листата.

Ибрахимовиќ иако има 38 години игра фантастично во МЛС и не ја затвора вратата за враќање во Серија А, а Интер е место каде што со успех играше цели три години.

Утрово италијанските медиуми информираа дека веќе се направени првите контакти помеѓу „нероаѕурите“ и неговиот менаџер, Мино Раиола.

Договорот на Ибрахимовиќ со ЛА Галакси завршува во декември, па тој ќе биде слободен да потпише за Интер како слободен агент.

Се претпоставува дека Интер му нуди договор само до крајот на сезоната, што може да биде проблем во преговорите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…