Дома Фудбал Англија Прв тренинг и прво интервју на Мурињо како тренер на Тотенхем (ФОТО+ВИДЕО)

Прв тренинг и прво интервју на Мурињо како тренер на Тотенхем (ФОТО+ВИДЕО)

Лошиот старт на сезоната Маурисио Покетино го плати со отказ во Тотенхем, а не негово место седна Жозе Мурињо.

Мурињо денес го водеше првиот тренинг како тренер на Тотенхем, а за официјалната страна на клубот го даде и првото интервју во новата улога.

„Ако не би бил среќен, немаше да бидам тука…Што можам да ветам? Страст кон работата, но и страст кон клубот. Привилегија е за еден тренер да дојде во тимот и да се почуствува среќен поради екипата која ќе ја има на располагање“.

„Ова не се зборови за овој момент, не се зборови како тренер на Тотенхем. Ова се зборови кои ги повторувам во последни три, четири, пет години како противник на Тотенхем – да се игра против Тотенхем на „Вајт Харт Лејн“ секогаш беше тешко, но и преубаво. За мене овој стадион е едно најубавите места на кои доаѓа“.

„Секогаш зборував за потенцијалот на овој клуб, за квалитетот на играчите…Навистина ми се допаѓа овој тим со млади играчи. Не постои тренер на светот кој не сака да користи млади играчи. Проблем е што некогаш доаѓате во клуб кој не работи доволно добра работа. Кога ќе ја погледнете историјата на Тотенхем ќе видите дека секогаш академијата на овој клуб давала млади таленти кои играле во првиот тим“.

„Кога е Премиер лигата во прашање свесни сме за позицијата на која се наоѓаме, но истовремено знаеме дека не припаѓаме тука. Треба да одиме од натпревар во натпревар. Мораме да сакаме да победуваме на секој натпревар. На крајот на сезоната ќе видиме што сме направиле“, изјави помеѓу другото Мурињо.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Eден емаил бил доволен за Реал да покаже дека е господски клуб

Претседателот на Ленс, Жервис Мартел откри анегдота од пред неколку години кога Реал покаж…