Дома Фудбал Англија Прв пораз за Бурнемоут, Педро и Азар погодуваа за перфектен Челзи (видео)

Прв пораз за Бурнемоут, Педро и Азар погодуваа за перфектен Челзи (видео)

Во рамките од четвртото коло од 16:00 часот беа одиграни пет натпревари.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тимот на на Челзи денес на домашен терен го дочека Бурнемоут, ова беше натпревар на две непоразени екипи, а на крајот се радуваа „сините“ со победа од 2:0.

Бурнемоут добро се бранеше во првите 45 минути, Челзи притискаше, најдобрата прилика ја имаа во продолжението кога Азар го проигра Алонсо, кој од работ на шеснаесетникот шутираше со послабата десна нога, но ја погоди само стативата.

Првиот погодок тимот на Сари го постигна дури во 72 минута, а стрелец беше Педро.

Конечниот резултат на средбата го постави најдобриот фудбалер на Челзи, Еден Азар во 85 минута после одличниот проигрување од Лонсо.


Во останатите натпревари, Брајтон и Фулам во одличен натпревар ремизираа 2:2, Саутемптон на гости го победи Кристал Палас со 0:2, Евертон и Хадерсфилд одиграа 1:1, додека Волверхемптон минмално со 0:1 беше подобар од Вест Хем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Поради овој потег на Мбапе, англиските медиуми го нарекуваат – „диктатор“

Францускиот капитен Килијан Мбапе повторно го оправда својот прекар Диктатор откако му нар…