На почетокот на атлетската програма на Олимписките игри во Токио дојде и до првиот голем скандал.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Нигериската атлетичарка Блесинг Окагбаре беше позитивна на ХГХ, односно супстанца која го подобрува хормнот на раст. 32-годишната атлетичарка беше тестирана пред 12 дена.
Откриена беше брзо, но сепак имаше време да настапи на квалификационата трка на 100 метри каде што издоминира со време 11.05 во својата група и беше еден од фаворитите за финале.
#NGR Olympian, Blessing Okagbare cruising to a win in the 100M Heat 🔥pic.twitter.com/Fryw4g20qM
— The NATIVE (@NativeMag) July 30, 2021
Причината што доби дозвола за настап е што допинг тестовите се анализираат во Европа. Тоа е направено доцна вчера, па со оглед на временската разлика со Токио успеа да настапи во квалификациите.
Светската атлетска организација ја суспендираше веднаш по добивањето на резултатите.