Шампионот Шкупи го раскина договорот со напаѓачот Антонио Каланоски.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Искусниот напаѓач после само два месеци поминати на Чаир ќе си бара нов клуб. Веста за раскинувањето на договорот ја потврди тимот преку социјалните мрежи.




Како што објавија чаирчани до раскинување на соработката дошло после договор од двете страни.




Ова е првото заминување од таборот на Шкупи откако Гоце Седлоски ја напушти клупата на шампионите. Преодниот рок во Македонија е отворен од 6. септември па ќе видиме дали ќе има нови промени.




Во Шкупи Каланоски дојде од редовите на кратовски Силекс.