Дома Фудбал Првиот предизвик за Французинот: Гвардиола не чекаше долго (ВИДЕО)

Првиот предизвик за Французинот: Гвардиола не чекаше долго (ВИДЕО)

Манчестер Сити вечерва ја пречекува екипата на ВБА, а од стартот во поставата ќе се најде и рекордната аквизиција.

Сити во текот на преодниот рок оствари еден трансфер, во редовите на тимот од „Итхад“ пристигна Емерик Лапорт.

Овој фудбалер стигна од Атлетик Билбао во рекорден трансфер тежок 65 милиони евра, а само неколку дена по пристигнувањето добива шанса и за свое деби.

Тој имено, се најде во стартниот состав на „Граѓаните“ за дуелот против ВБА кој на програмата е вечерва од 21 часот.

Лапорт во составот го заменува Џон Стоунс, кој не се чувствува најдобро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Елмас замина при 0-0, Аталанта падна во финишот; Херера славеше со Борац

Аталанта загуби со 0-2 во Амстердам, со двата гола примени по замената на Елмас. Борац ја …