Дома Фудбал Италија По 21 година се вратија во Серија А и на лето може да го доведат Џејми Варди

По 21 година се вратија во Серија А и на лето може да го доведат Џејми Варди

По чекање од цели 21 година екипата на Комо успеа да се врати во Серија А, пласманот беше потврден во вчерашниот натпревар против Козенца (1:1).

Поради поразот на директниот конкурент Венеција против Специја (1:2) ремито на Комо се покажа како доволно, па така по натпреварот градот и сите во клубот беа во голема еуфорија.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Интересно е што на трибините во вчерашниот натпревар на Комо беше напаѓачот на Лестер Џејми Варди кој не крие дека би можел да го засили овој тим.

„Малку сум стар, но ништо не се знае. Ќе видиме“, одговори Варди на прашањето.

Договорот на Варди со Лестер завршува токму ова лето. Ќе потсетиме, Комо од клупата го предводи шпанскиот ветеран Сеск Фабрегас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Голем удар за Барселона: Еден од најдобрите играчи ќе го пропушти „Ел Класико“

Време е за првиот овосезонски „Ел Класико“. Сепак, тренерот на Барселона, Ханси Флик, се с…