Дома Фудбал По четврти пат Меси е „Играч на неделата“ во ЛШ (видео)

По четврти пат Меси е „Играч на неделата“ во ЛШ (видео)

Ѕвездата на Барселона, Лео Меси повторно беше избран за „Играч на неделата“’ во Лигата на шампиони.

Меси одигра фантастичне меч во четвртфиналето против Манчестер Јунајтед каде постигна два гола во победата на Барселона.

Аргентинецот победи во конкуренција на Френки де Јонг и Матијас де Лихт од Ајакс, како и на Хјун Мин Сон од Тотенхем, кој беше најзаслужен за плсманот на „спарси“ во полуфиналето.

Меси ја добива по четврти пат наградата оваа сезона, а ако се земе во предвид дека отсуствуваше на два меча (во групната фаза), практично има 50% успешност за оваа награда – четири пати во осум меча.

Воедно „Волшебниот“ од Росарио е носител и на најтрактивниот гол во оваа фаза во ЛШ во четвртфиналната фаза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дориев ја презеде вината по 0-3: Македонија потфрли на теренот

Љупчо Дориев ја насочи одговорноста кон фудбалерите по домашниот пораз од Словенија. Репре…