Утрово започна со лоши вести, прво од репрезентацијата на Македонија пристигна информација дека позитивни на Ковид-19 на вторите тестирања биле Ристевски и Велкоски, а сега пристигнува нова лоша вест – отпадна и Енис Барди!
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Еден од нашите најважни фудбалери во средината на теренот нема да патува за Грузија поради повреда. Барди почуствувал болки во градите на вчерашниот тренинг и ќе остане во Скопје на дополнителни прегледи.
Навистина лоши вести добива репрезентацијата и тоа непосредно пред тргнувањето, селекцијата треба да патува за Тблиси денес во 10:00 часот.