Дома Фудбал Останато Почина легендарниот Франц Бекенбауер

Почина легендарниот Франц Бекенбауер

Легендата на германскиот и на светскиот фудбал Франц Бекенбауер почина на 78-годишна возраст, објави агенцијата ДПА.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Легендарниот фудбалер боледувал од Алцхајмерова болест која значително се влошила, а семејството ја потврди веста за неговата смрт.

Неговото име ќе остане синоним за Баерн, каде за 13 години одигра преку 400 натпревари и освои се што можеше.

Како активен фудбалер го освои Светското првенство во 1974 година, а потоа како селектор во 1990 година. 

Франц Бекенбауер во последните години се криеше од медиумскиот простор. Во своето последно појавување во јавноста сподели дека тешко гледа на едното око, а мораше да се грижи и за своето срце.

Бекенбауер важи за еден од најдобрите дефанзивци и германски фудбалери на сите времиња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Спалети разбра каков проблем има во тимот на Јувентус, па одлучи веднаш да реагира!

Јувентус пред неколку дена загуби во пријателскиот натпревар против Интер (2:1) во Перт, а…