Легендарниот српски кошаркар и поранешен функционер на Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) Борислав Станковиќ почина денес на своја 95 годишна возраст.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иако прво започна да се занимава со пинг понг и беше успешен, се префрли на кошарката.
Тоа се покажа како одлука која ја промени историјата. Тој е еден од најистакнатите луѓе во кошаркарскиот свет.
Исто така во 1945 година „кумуваше“ на основањето на Црвена Звезда и со нејзината кошаркарска секција беше трикратен шампион. Во својата играчка кариера настапуваше и за КК Партизан, додека со репрезентацијата на Србија го освои шестото место на плантарниот шампионат во Буенос Аирес.
Во 1976 година стана генерален секретар на ФИВА и учествуваше во нејзиното ширење на планетата. До 2002 година беше на таа позиција. Учествуваше на 28 европски првенства, 14 светски и 14 Олимписки игри, како и на 12 конгреси на ФИБА.