Дома Фудбал Таткото на Хозе Антонио Рејес: Не гледам фудбал, неговиот гроб е единственото место каде што одам

Таткото на Хозе Антонио Рејес: Не гледам фудбал, неговиот гроб е единственото место каде што одам

Поранешниот шпански репрезентативец Хозе Антонио Рејес го загуби животот на 1. јуни минатата година во страшна собраќајна несреќа.

До несреќата дошло откако на Мерцедесот на Рејес му пукнала гума при брзина од 187 километри на час после што тој изгубил контрола и смртно настрада

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Шпанските медиуми сега го посетија таткото на славниот фудбалер, а Франсиско се уште не може да поверува што се случило.

„Не можете ниту да замислите како се чувствувам. Одам на неговиот гроб секој ден во девет часот наутро. Тоа е единственото место каде што одам…Мојата сопруга изгуби 40 килограми. Секој ден размислуваме за тоа што се случило“.

Фудбалски натпревари повеќе не гледа затоа што нема сила.

„Од тогаш не сум гледал ниту еден натпревар, нипто. Ниту дербито против Бетис не го гледав. Постојат денови кога мислам само на него и тоа се тешки моменти. Севиља за него беше се“, зборуваше Франсиско.

Хозе Антонио Рејес во богатата кариера играше за Севиља, Арсенал, Реал, Атлетико, Еспањол…Во еден период настапуваше и во Кина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oва се најголемите губитници во квалификациите за Светското првенство: Во последното коло влегоа како лидери, на крај останаа и без бараж!

Африканските квалификации за Светското првенство завршија вчера, а дознавме кои се деветте…