Дома Фудбал Италија Потег за аплауз: Тренерот на Елмас ги собра симпатиите пред натпреварот на Наполи 🎥

Потег за аплауз: Тренерот на Елмас ги собра симпатиите пред натпреварот на Наполи 🎥

Oд 15:00 часот денес Наполи ќе игра против Торино како прв натпревар во Серија А.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На официјалната прес-конференција пред овој натпревар целото внимание го привлече тренерот на тимот на Елиф Елмас, Лучијано Спалети.

Спалети на прес-конференцијата се појави со две рози. Новинарите веднаш го запрашаа за кого се посветени овие две рози. Одговорот на Спалети беше дека тие се за Махса Амини и Хадиса Најафи.

Станува збор за две жени кои го загубија животот во големите протести во Иран каде што жените ги бараат своите права после четиридецениското владеење на режим кој ги омаловажува.

За ваквите потег Спалети доби громогласен аплауз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дешан итно го напушта Светското првенство – позната е причината!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Франција, Дидије Дешан, го напушти кампот на с…