Дома Топ вести Потврди од сите страни: Еден од најбараните играчи во Европа има нов клуб!

Потврди од сите страни: Еден од најбараните играчи во Европа има нов клуб!

Изгледа дека повеќе нема дилеми, еден од најбараните фудбалери во Европа во овој момент потпишува за Лајпциг.

Како и што се најавуваше пред неколку Доминик Собослај се сели од Салзбург во Лајпциг. Голем број тимови покажаа интерес за да го доведат Собослај, се поврзуваше и со најголемите европски клубови како Реал, Баерн, Милан, Атлетико…На крајот Собослај ја избра Бундес лигата и тимот на Лајпциг кој за него ќе плати 25 милиони евра.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Познатиот новинар Фабрицио Романо пренесе дека агентот на 20 годишниот фудбал Матијас Естехази е виден на аеродромот во Будимпешта, а потоа австрискиот и германскиот „Скај“ потврдија дека слетал во Лајпциг.

Собослај со Лајпциг ќе потпише договор до 25 години и се очекува денес да ги заврши медицинските прегледи. Прилика за деби ќе има на 9. јануари и тоа против Борусија Дортмунд. Со трансферот од 25 милиони евра Собослај ќе стане најскапиот унгарски фудбалер на сите времиња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…