Дома Фудбал Потврдено: Јувентус без тројца против Тотенхем

Потврдено: Јувентус без тројца против Тотенхем

Јувентус утре му гостува на Тотенхем во реваншот од 1/8 финалето од Лигата на шампионите.

Англискиот клуб од има предност пред реваншот после ремито 2:2 во Торино. Тренерот на „старата дама“ Масимилијано Алегри го објави списокот на играчи на кои ќе смета за утрешната средба во Лондон.

Во еден од најважните натпревари во сезоната Алегри не ќе може да смета на Федерико Бернардески, Хуан Квардадо и Марио Манџукиќ.

Добра вест за Италијанците е што во тимот се враќа Гонзало Игуаин кој ги пропушти последните два натпревари.

Списокот на Јувентус за натпреварот против Тотенхем: Буфон, Пинсогљо, Шчесни, Дел Фаверо, Де Шиљо, Бенатија, Алекс Сандро, Брзаљи, Ругани, Лихштајнер, Пјаниќ, Кедира, Маркизио, Матуиди, Асамоа, Стураро, Бентакур, Игуаин, Дибала, Коста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тијаго Силва се прости од Либертадорес со болни зборови: „Повторно не успеав“

Флуминенсе ја надомести негативата против Палмеирас, но падна на пенали. Тијаго Силва откр…