Дома Фудбал Лига на шампиони Потврдено: Меси „лета“ за Милано! (ФОТО)

Потврдено: Меси „лета“ за Милано! (ФОТО)

Екипата на Барселона вчера запиша победа над Рајо Ваљекано со голови во последните минути, а сега тимот е насочен кон гостувањето во Милано кај Интер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Натпреварот помеѓу Интер и Барселона се игра во вторник во 21:00 часот, а со евентуална победа Барселона би можела да го обезбеди пласманот во следната фаза. Денес од Барселона го објавија списокот на патници, а големо изненадување е што на истиот се најде и Лионел Меси.

Ќе потсетиме, Меси ја повреди раката во првенствниот натпревар против Севиља и се очекуваше да паузира три недели, но Аргентинецот изгледа ќе се врати многу побрзо.

Останува да се види дали Валверде ќе се одлучи Меси да го стави и во почетните 11.

barcelona

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Килијан Мбапе станува фудбалскиот Мајкл Џордан

По речиси две децении заврши соработката на Мбапе со Најк, но Французинот наводно не сака …