Фудбалерите на Манчестер Јунајтед во текот на летото за наредната сезона ќе се припремаат во САД, соопштија од клубот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На двонеделните припреми во јули тимот на Жозе Мурињо ќе одигра натпревари против мексиканската Америка и Сан Хозе од Калифорнија. Ова ќе биде втор припремен период кои фудбалерите на Манчестер Јунајтед ќе го поминат во САД.
Тие на минатогодишните припреми играа против Манчестер Сити и Барселона.
„Ѓаволите“ првиот натпревар ќе го одиграат на 19 јули во Аризона против Америка, а три дена подоцна ќе играат против тимот на Сан Хозе во Санта Клара.
Наредните натпревари ќе бидат дополнително закажани.