Дефанзивецот на Бенфика и португалски репрезентативец, Рубен Дијаз потврди дека кариерата ќе ја продолжи во Манчестер Сити.
Гвардиола беше во потрага по квалитетен дефанзивец, па откако пропаднаа преговорите со Кулибали, се насочи кон ѕвездата на Бенфика.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Двата клуба го договорија трансферот за 55 милиони евра, а Сити во Лисабон ќе го испрати и Николас Отаменди.
Дијаз синоќа настапи за Бенфика, а после мечот се поздрави со сите и индиректно го потврди трансферот.
„Тоа беше посебен момент за мене и мислам дека на сите им е јасно зошто. Тоа беше посебен момент да се забележи гол на натпреварот. Мислам дека секој знае зошто го гушнав Руи Коста на крајот од мечот“, изјави Дијаз, кој се очекува утре да пристигне на прегледи во Манчестер.