Фернандо Сантош наскоро би требало да ја преземе репрезентацијата на Полска, објави познатиот италијански новинар Фабрицио Романо.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
По неуспехот на Мундијалот во Катар, фудбалскиот сојуз на Португалија се раздели со 68-годишниот стратег кој ја одведе репрезентацијата до европската титула во 2016 огдина.




Полјаците сметаат дека Сантош е вистинскиот човек за нив и му понудиле договор до јуни 2026 година.




Пред себе ќе има јасна цел, а тоа еп ласман на наредното Европско првенство во Германија во 2024 година и на Мундијалот кој се игра во 2026 во САД, Мексико и Канада.




Според информациите треба да се финализираат само детал и Сантош да биде промовиран во наследник на Чеслав Михеневиќ кој си замина по поразот од Франција на Светското првенство.



