Дома Топ вести Постигнат договор: Солари во Реал Мадрид до 2020 година!

Постигнат договор: Солари во Реал Мадрид до 2020 година!

0

Сантиаго Солари дојде како привремено решение после отказот на Лопетеги, но после четирите победи во првите четири меча го убеди раководството да му понуди перманентен договор.

Најеминентните шпански медиуми „АС“ и „Марка“ пренесуваат дека е постигнат договор и дека Солари наскоро ќе добие договор до 2020 година.

Најверојатно договорот ќе биде до 2019 година, со опција на уште една сезона, а се очекува наскоро да стигне и официјално соопштение од Реал Мадрид.

Според „Марка“, претседателот Перез знаел дека Солари е вистинскиот човек за клупата на „кралевите“, а откако стана првиот тренер во историјата кој стартуваше со четири победи, реши да му понуди долгорочен договор.


Следете го Sportski.mk и на


Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Видовме се: Продолженија, исклучување, супер гол на крајот шампион е – Ривер! (ВИДЕО)

Денес после неколку одложувања конечно се одигра долгоочекуваниот реванш во „Суперкласико“…