Дома Фудбал Постигнат договор: И Варан го продолжи договорот „кралевите“

Постигнат договор: И Варан го продолжи договорот „кралевите“

Французинот Рафел Варан го договори продолжувањето на соработката со Реал Мадрид.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Дефанзивецот од редовите на Реал Мадрид, прифати продолжување на соработката со „кралевите“ до 2022 година, а веста за продолжувањето на договорот на Варан беше повтрдена и на официјалната страница на клубот.

„Реал Мадрид и Варан ги договорија сите детали за продолжување на договорот. Новиот договор ќе има важност до 30 јуни 2022 година“, стои во соопштението од шпанскиот гигант.

Варан во Реал пристигна од Ленс во 2011 година во трансфер вреден 10 милиони евра евра и за „кралевите“ до овој момент одигра скоро 200 натпревари, а се избори и за повик во репрезентацијата на Франција.

Претходно договорите со Реал ги продолжија Иско, Карим Бензема, Маркос Љоренте и Марко Асенсио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кардинале и Ибрахимовиќ продолжуваат со обидите да го задржат Модриќ

Сопственикот на Милан Џери Кардинале и неговиот советник Златан Ибрахимовиќ продолжуваат д…