Дома Фудбал Германија Постигнат договор: Горецка останува во Баерн

Постигнат договор: Горецка останува во Баерн

Играчот од средниот ред на Баерн Минхен, Леон Горецка влезе во последната година и веќе подолго време се водат преговори за продолжување на соработката.

Баерн сака да го задржи затоа што не сака нов случај Давид Алаба кој ова лето си замина бесплатно. Договорот на Горецка истекува на крајот на сезоната и тој во јануари ќе биде слободен да преговара со други клубови.

Последните информации од Германија се дека двете страни постигнале договор, па наскоро 26-годишниот плејмејкер ќе стави потпис на договор со Баерн до 2026 година.

Ова е одлична вест за Баварците бидејќи интерес за Горецка покажуваат Барселона и Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Лацио му го нанесе првиот пораз на Интер🎥

Лацио и Интер одиграа возбудлив натпревар на „Олпимпико“, домаќините со пресврт дојдоа до …