Дома Фудбал Англија Постигнат договор, Алварез става важен потпис

Постигнат договор, Алварез става важен потпис

Maнчестер Сити му понуди нов договор на аргентинскиот напаѓач Хулијан Алварез по одличните настапи на Светското првенство во Катар каде што ја освои титулата со Аргентина.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Сити го доведе од Ривер Плата летото 2022 година за само 18 милиони евра, а Алварез веднаш го покажа својот потенцијал.

Актуелниот договор Аргентинецот истекуваше во 2027 година, но „граѓаните“ веднаш му понудија нов со значително поголема плата.

Последните информации се дека двете страни постигнале договор и Алварез наскоро ќе стави потпис на нов договор до 2028 година.

Со ова Сити сака да се заштити од нападите на другите клубови и долгорочно да го задржи Алварез во своите редови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бруно Фернандеш одговори остро на критиките на Рој Кин по подобрувањето на рекордот

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, одговори прилично остро на легендата на …