Дома Фудбал После пресудата за казна затвор се огласи и Јакинта: Четири години патам како куче, ме уништуваат без причина!

После пресудата за казна затвор се огласи и Јакинта: Четири години патам како куче, ме уништуваат без причина!

Денес како бомба одекна веста во Италија, дека светскиот шампион од 2006 година и поранешен напаѓач на Јувентус е осуден на казна затвор од две години поради поврзаност со калабриската мафија.

Јакинта пред две години после обвинувањата исчезна од фудбалската мапа, а денес медиумите потврдија дека судот во Италија го осудил на две години затворска казна.

После пресудата стигна и првата изјава на напаѓачот кој не може да си поверува што му се случува и порача дека обвинителите го уништиле неговиот живот иако за ништо не е виновен.

Поранешниот напаѓачот најави и жалба.

„Ова срамота. Ми го уништија животот, а ништо не направив. Патам како куче веќе четири години. Не само јас, туку и моето семејство. Нашето семејство воопшто не знае која е таа мафија, ми го уништуваат животот без никаква причина. Мојата борба нема да престане. Јас го освоив Светското првенство со Италија. Правдата ќе излезе на површина и нема да се откажам додека не се изборам за тоа“, порача Јакинта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Два гола од клупата: Сила го скрши Башкими и стигна до „десетка“

Н’фанли Сила со два погодока и асистенција ја предводеше победата на Тиквеш од 3-1 над Баш…