Дома Фудбал После осум месеци и четири операции конечно се враќа Ансу Фати

После осум месеци и четири операции конечно се враќа Ансу Фати

Taлентираниот фудбалер на Барселона, Ансу Фати конечно би можел да се врати на теренот.

После осум месеци пауза и четири операции на коленото, опоравуваањето на Фати конечно оди во добра насока и се очекува да биде спремен за околу еден месец.

Како што наведуваат шпанските медиуми, 18 годишниот офанзивец во овој момент е во последната фаза на опоравувањето од тешката повреда. Напредокот засега оди одлично и Барса многу веројатно ќе може да смета за натпреварите после средината на септември.

Фати дебитираше за каталонскиот клуб на 16 години и со своите настапи го воодушеви фудбалскиот свет, но повредата од минатата сезона му направи проблем и го одалечи од терените со месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Додека е Миленко во клубот, Комити ќе го бојкотираат Вардар!

Навивачката група „Комити“ донесе одлука да ги бојкотира натпреварите на ФК Вардар, а бојк…