Дома Македонски спорт После Арсенал уште еден премиерлигаш покажал интерес за Барди

После Арсенал уште еден премиерлигаш покажал интерес за Барди

Eнис Барди пред некое време се поврзуваше со Арсенал, а сега медиумите на Островот македонскиот фудбалер го поврзуваат со уште еден клуб од Лондон.

Според информациите кои се појавија повратникот во Премиер лигата, екипата на Фулам покажала интерес за Барди. Фулам наводно и испратил понуда до Леванте, но таа изнесувала 11 милиони евра, сума за која тешко Леванте би го пуштил Барди.

Претходно кога се пишува за интересот на Арсенал од Шпанија пристигнаа информации дека Барди нема да замине од Леванте за сума помала од 25 милиони евра па затоа тешко е да се верува дека ваква понуда би ги задоволила апетите на Шпанците.

Треба да споменеме дека освен Фулам интерес за Барди покажаа и клубовите од Серија А, Лацио и Фиорентина како и два неименувани бундеслигаши.

Договорот на Барди со Леванте има важност до 2022 и во него има откупна клазула од 50 милиони евра, додека според „Трансфермаркт“ вредноста на Барди е 20 милиони евра. Ќе потсетиме Леванте го доведе Барди пред три години за 1.5 милион евра од Ујпешт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Mурињо откри: Головите на Арената пред натпреварот не биле исти!

Вечерва Тотенхем ја победи Шкендија, а после натпреварот Мурињо откри чудна ситуација која…