Дома Фудбал Последен обид на Сити да го задржи Бернардо Силва

Последен обид на Сити да го задржи Бернардо Силва

Манчестер Сити прави се што е во негова моќ да го убеди Бернардо Силва да остане на „Етихад“.

Португалецот имаше важна улога во одличната сезона што ја имаа „граѓаните“ и освоената тројна круна.

Силва има понуда од Саудиска Арабија, а Ал-Хилал е подготвен да му плаќа 75 милиони фунти годишно.

Манчестер Сити не може да му понуди слична сума, но на маса ставиле понуда за нов договор со подобри услови од сегашните, тврдат медиумите на Островот.

Силва веќе подолго време размислува за промена на средината, па ова е последе обид на „граѓаните“ да го задржат, во спротивно ќе го продадат ова лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Елмас замина при 0-0, Аталанта падна во финишот; Херера славеше со Борац

Аталанта загуби со 0-2 во Амстердам, со двата гола примени по замената на Елмас. Борац ја …