Дома Останати Кошарка НБА Портланд го победи Бруклин и дојде на еден триумф од плеј-офот 🎥

Портланд го победи Бруклин и дојде на еден триумф од плеј-офот 🎥

Кошаркарите на Портланд рано утрово ги победија Бруклин Нетс со 134:133 во важен натпревар за нив.

Портланд на овој начин го обезбеди „плеј-ин“ дуелот со Мемфис кој ќе се игра во сабота. Во случај на победа Портланд ќе оди на Лејкерси во првата рунда од плеј-офот.

Кога во прашање е самиот натпревар Портланд водеше се до средината на третата четвртина. Тогаш Нетси преминаа во водство и брзо дојде до плус 10. Блејзерси се врати во последната четвртина и во самиот финиш успеаа да отидат на плус четири. Целиот нивни труд ќе беше залуден ако кошаркарот на Нетси Леверт во последните секунди го погодеше шутот, но топката заврши во обрачот и се врати во полето па Портланд дојде до победа.

Најефикасен беше Демијан Лилард со 42 поени и 12 асистенции, додека зад него беше Меколум со 25 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Шкендија покажа „заби“, но Тотенхем сепак беше „преголем залак“ 🎥

Вечерва на Арената „Тодор Проески“ во Скопје се одигра натпреварот од третото квалификацис…