Дома Фудбал Поранешниот тренер на Барселона има тешка болест

Поранешниот тренер на Барселона има тешка болест

Поранешниот голман на Барселона и помошник тренер на Каталонците под Луис Енрике, Хуан Карлос Унзуе, откри дека страда од амиотрофична латерална склероза (АЛС).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


АЛС е болест што предизвикува смрт на невроните кои ги контролираат мускулите и не постои лек.

„Добро се снаоѓам, имав привилегија да водам убав живот и сега имам привилегија да зборувам за АЛС, болест што секој може да ја добие. Заедно со Фондацијата Лузон ќе се обидам да го подобрам квалитетот на живеење за мене и за другите што страдаат. Се надевам дека во блиска иднина ќе има решение за оваа болест“, изјави Унзуе на пресконференција.

53-годишниот Унзуе беше голман на Барселона, а потоа се врати на „Камп Ноу“ како помишник на Луис Енрике од 2014 до 2017. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Meси вечерва може да го урне големиот рекорд на Клосе!

По победите во првите дуели, фудбалските репрезентации на Аргентина и Австрија ќе се сооча…