Тој не е ниту прв, а веројатно ниту последен кој има што да каже за луѓето кои ја водат Барселона.
Жереми Матје кој до неодамна беше член на Барселона во интервју за шпанската „Марка“ открива дека ќе слави дококу ја затресе мрежата на Каталонците во натпреварот од Лигата на шампионите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Матје ова лето практично беше избркан од Барселона и премина во тимот на Спортинг Лисабон со кој сега ќе го пречка својот поранешен клуб.
„Имам многу почит кон моите поранешни соиграчи и навивачите. Но ако постигнам погодок ќе го прославам пред претседателот Бартомеу и директорот Роберт Фернандез кои не се однесуваат добро кон мене“.
„Играв многу натпревари, освоив многу трофеи и единствената работа која ме погодува е што луѓето зборуваат дека не сум играл и не сум помогнал доволно на клубот. Во мојатата прва сезона одиграв 58% од натпреварите, постигнав и важни погодоци, во втората играв нешто помалку поради повредата, но во фудбалот се случуваат и такви работи“, истакна Матје кој својот последен натпревар за Барса го одигра во поразот од Јувентус во Торино во ¼ финалето од Лигата на шампионите.
„Го гледав тој натпревар повеќе пати и сите зборуваат дека јас бев најголемиот проблем. Навистина головите паднаа поради моето лошо поставување, но никој не зборува за тоа што правеа Пике и Маскерано, меѓутоа сепак тоа е само мое мислење“, заврши Матје.