Дома Останати Ракомет Поранешниот вардарец Кевин Њокас ќе игра во Саудиска Арабија

Поранешниот вардарец Кевин Њокас ќе игра во Саудиска Арабија

Поранешниот ракометар на Вардар Кевин Њокас кариерата ќе ја продолжи на Блискиот Исток.

Нов клуб на Кевин ќе биде Ал Ахли од Саудиска Арабија, клуб со големи амбиции. Откако го напуштија Вардар Кевин заедно со неговиот брат Оливие беа дел од Ал Наџма и со овој клуб играа на Заливскиот Куп и Азиското првенство.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Со клубот од Бахреин го освоија Заливскиот куп, а двајцата по добрите настапи пред два месеци дебитираа за репрезентацијата на Конго. Освен Вардар во минатото Кевин го носеше дресот на Бенфика, Гумерзбах, Гепинген, Шамбери и ПСЖ.

Во еден период беше дел и од репрезентацијата на Франција за која собра 40 натпревари.

Фото: РК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардар имаше среќа: Доби одлична група во Лига Европа!

Македонскиот ракометен великан Вардар може да биде задоволен од денешната ждрепка за групн…